НАПНАТО ВО КУМАНОВО, ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА КАЈ НАЧАЛНИКОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАПНАТО ВО КУМАНОВО, ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА КАЈ НАЧАЛНИКОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

    Напнато е вечерва во Куманово откако специјалци влегоа во домот на началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ. Стотина граѓани симпатизери на СДСМ протестираат во Куманово пред неговата семејна куќа. Тие се сомневаат дека власта врши политички притисок затоа што опозицијата таму победила на изборите во неделата

    Како што јавува репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК, специјалците влегле кај началникот со судски налог за претрес за наводни изборни нерегуларости.

    Самиот Величковиќ излезе од куќата, се качи на кола и на насобраните граѓани им рече дека ова е масло на директорот за јавна безбедност Митко Чавков и обвинителот Марко Зврлевски. Тој ги замоли граѓаните што протестираат да си заминат затоа што полицијата му ветила дека нема да го приведе туку само ќе ги земе потребните документи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира