НАРОДНА БАНКА ИМ ОВОЗМОЖИ НА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ ДА ИМ ПОНУДАТ ОЛЕСНУВАЊА НА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ КОИ ВРАЌААТ КРЕДИТИ

    НАРОДНА БАНКА ИМ ОВОЗМОЖИ НА БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ ДА ИМ ПОНУДАТ ОЛЕСНУВАЊА НА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ КОИ ВРАЌААТ КРЕДИТИГувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска (Фото: СДК.МК)

    Народната банка донесе регулаторни измени со кои што им се овозможува на банките и штедилниците да понудат поповолни услови за постојните кредити на физички и правни лица, кои досега немале проблем со отплатата, а во претстојниот период би можеле да се соочат со потешкотии поради епидемијата на коронавирусот.

    Со измените, банките и штедилниците сега можат да им понудат на кредитокорисниците подолг грејс период, продолжување на рокот на достасување на ратите, пониска камата и одобрување нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот.

    Со одлуката на Народна банка, како нефункционални кредити ќе бидат евидентирани оние со задоцнување од 150 дена, место со 90 дена, како што беше досега. Овие регулаторни измени на Народна банка ќе важат до 31 декември 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира