Судија на претходна постапка вчера му одредил притвор на Н.М., еден од најбараните насилници во Собранието кои упаднаа и сторија тешки кривични дела во Собранието, поточно во прес-салата, на 27 април годинава.
САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека во текот на вчерашниот ден Н.М. сам се пријавил во полициската станица Гази Баба во Скопје, а по процедурата пред судијата на претходна постапка, веднаш бил спроведен во затворот во Шутка.
Осомничениот, велат извори од МВР и од Основниот суд Скопје 1, се барал и за други тешки кривични дела.
Тој по нападот на Собранието, избегал во Црна Гора, но се вратил и самиот се предал во полициската станица. На граница тој не бил уапсен, влегол слободно, иако бил на листата на МВР и на Обвинителството на бараните лица осомничени за насилствата во Парламентот каде беа повредени стотина пратеници, полицајци, граѓани и новинари.