НАСКОРО ВО ПРИШТИНА НА КАФЕ БЕЗ ПЦР-ТЕСТ, СЕ ПОФАЛИ НОВИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ИЛИР ХАСАНИ

    НАСКОРО ВО ПРИШТИНА НА КАФЕ БЕЗ ПЦР-ТЕСТ, СЕ ПОФАЛИ НОВИОТ ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ИЛИР ХАСАНИЗаменик-министерот Илир Хасани досега беше директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). (Фото: СДК.МК)

    Новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани денеска на Фејсбук се пофали дека наскоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест за коронавирус. Хасани официјално стапи на функцијата пред четири дена, кога ја презеде функцијата од досегашниот заменик-министер Арменд Арслани. Тој досега беше директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

    „Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест“, напиша Хасани на Фејсбук.

    Вчера, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека се водат разговори меѓу земјите од регионот за да се отворат границите без ПЦР тестови.

    „Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје“, кажа вчера Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира