НАСЛЕДНИК НА ГРУЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИРА НА 22 И 23 ДЕКЕМВРИ ВО ВАЛАНДОВО

    НАСЛЕДНИК НА ГРУЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИРА НА 22 И 23 ДЕКЕМВРИ ВО ВАЛАНДОВОНа седницата на највисокото партиско тело, околу 100 членови гласале за одржување на вонреден конгрес, еден бил против, а десет биле воздржани Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

    ВМРО-ДПМНЕ вонредниот конгрес за избор на нов лидер ќе го одржи во Валандово на 22 и 23 декември, одлучи вечерва Централниот комитет на партијата.

    Христијан Мицковски, генерален секретар на партијата изјави дека на Конгресот ќе учествуваат 554 делегати, чии имиња ќе бидат објавени на партискиот веб сајт. На седницата на највисокото партиско тело , околу 100 членови гласале за одржување на вонреден конгрес, еден бил против, а десет биле воздржани.

    Генералниот секретар на партијата Мицковски не даде повеќе детали што се разговарало на седницата на Централниот комитет. Пред почнување на состанокот, пратеникот Антонијо Милошоски рече дека оставката на Никола Груевски ќе биде прифатена, бидејќи била поднесена како неотповиклива.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира