НАТАША ГАБЕР-ДАМЈАНОВСКА ИЗБРАНА ЗА ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ „ПАВЕЛ ШАТЕВ“

    НАТАША ГАБЕР-ДАМЈАНОВСКА ИЗБРАНА ЗА ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ „ПАВЕЛ ШАТЕВ“Противкандидати на Наташа Габер - Дамјановска ѝ беа Мирјана Лазарова - Трајковска, поранешната судијка во Судот во Стразбур и обвинителот од ОЈО Скопје Александар Марковски. (архивска фотографија/Уставен суд)

    Доскорешната уставна судијка Наташа Габер-Дамјановска со 8 гласа „за“ и 1 „воздржан“ од вкупно девет члена на управниот одбор, денеска е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

    Отпаднаа кандидатите Мирјана Лазарова – Трајковска, поранешната судијка во Судот во Стразбур и обвинителот од ОЈО Скопје Александар Марковски, кои не ги добија потребните гласови.

    Републичката обвинителка Лиле Спасовска рече дека очекува непристрасно ефикасно и непречено извршување на функцијата директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

    Трите биографии беа подеднакво тешки и како што рекоа членовите, тоа било проблем за кого да го дадат својот глас.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира