Возачот на турскиот амбасадор О.С. попладнево бил натепан пред Министерството за култура поради турското знаменце на службениот „мерцедедес“ на турската амбасада во Скопје, потврди МВР.
Возачот пријавил во полиција дека попладнево околу 16.15 часот. додека бил паркиран со службеното возило пред Министерството за култура, непознато лице се приближило до возилото и пробало да го откорне знаменцето од возилото со дипломатски таблички. Притоа, напаѓачот викал „Ова е Македонија“.
Откако не успеал да го откорне знаменцето, тој со тупаници го удрил возачот во пределот на главата по што се оддалечил во непознат правец, велат од МВР.
Од МВР велат дека има камери на местото на инцидентот и дека ќе биде брзо откриен.