НАТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ СТАН ВО СОФИЈА, ПАРИ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД БУГАРИЈА

    НАТЕПАНИОТ ОХРИЃАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ СТАН ВО СОФИЈА, ПАРИ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД БУГАРИЈАОхриѓанецот беше примен од бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова, а наскоро ќе биде примен од министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев. (Фото: Фејсбук)

    Христијан Пендиков, секретарот на охридскиот клуб именуван по бугарскиот цар од времето на фашистичката окупација на Македонија, ќе добие бугарско државјанство, a бугарското министерство за надворешни работи ќе му обезбеди живеалиште во Софија и парична помош, кажа бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков.

    Пендиков, против кого во Македонија има кривична пријава откако при претрес му беше најден кокаин, ќе добие и лично обезбедување од бугарската полиција.

    „Претстои и негова средба со министерот за внатрешни работи Демерџиев на која што ќе се утврди во каков степен му е потребно обезбедување на наша територија за да не стане жртва на провокации’, кажа Милков.

    Охриѓанецот неодамна беше пуштен од болницата во Софија, каде што беше однесен на лекување со бугарски владин авион по тепачката во Охрид на 19 јануари.

    Едно лице е притворено за тепачката, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 27 јануари кажа дека „луѓе од иста групација се и оние кои тепаат и оние кои се тепани“ и дека тепачката во Охрид е дел од хибридна војна против Македонија.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира