НБМ ПРЕДУПРЕДУВА: НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ОБУКИ ЗА НЕЗАКОНСКО ТРГУВАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НБМ ПРЕДУПРЕДУВА: НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ОБУКИ ЗА НЕЗАКОНСКО ТРГУВАЊЕ

    Народната банка на Македонија вчера доцна попладне ги предупреди граѓаните дека го кршат законот за девизно работење ако наседнат на јавниот повик на FXLider за дводневен семинар со обука за тргување и заработка на светскиот финансиски пазар.

    Семинарот е закажан за денеска и утре во Скопје. Исти семинари во текот на месецот се најавени и во Приштина, Тирана, Белград и Сараево.

    Дводневниот настан под називот ‘FXLider Настан’ од страна на FXLider, се најавува дека „…ќе биде фокусиран на едукација како на искусни трејдери, така и на почетници, кои се заинтересирани за тргување и заработка на светскиот финансиски пазар” и дека „…целта на FXLider настаните… е запознавање и едуцирање на јавноста за овој алтернативен начин на заработувачка”.

    Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на НБМ Димитар Богов, Народната банка укажува дека „согласно Член 14 од Законот за девизно работење единствено овластените банки, Фондот за осигурување на депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестиционите фондови, имаат право да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство“.

    „Граѓаните и останатите правни лица немаат право да тргуваат со хартии од вредност во странство, освен преку СЕЕ линк  на загрепската и софиската берза на хартии од вредност. Воедно, начинот на тргување кој го нуди FXLider бара високо ниво на експертиза и е ризично за самите овластени професионални учесници на меѓународните финансиски пазари, а уште повеќе за пошироката јавност“, се вели во вчерашното соопштение од Кабинетот на гувернерот на НБМ. При тоа се потенцира дека „Народната банка остро реагира на секаков вид на вакви јавни повици за незаконско делување на граѓаните.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари