НЕ СО ЏЕНТЛМЕНСТВО ТУКУ, СО ЗАКОН МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА КАНДИДАТКИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ

    НЕ СО ЏЕНТЛМЕНСТВО ТУКУ, СО ЗАКОН МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА КАНДИДАТКИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКИПрисутните на презентацијата во Собранието, со едно минутно молчње му оддадоа почит на починатиот Алит Абази, носител на независна кандидатска листа во Кичево (Фото: Г.Трпеноски)

    Петнаесет кандидатки за градоначалнички денес во Собранието ја презентираа програмата за настап на локалните избори. Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Македонија, рече дека ситуацијата со учеството на жените на претстојните локални избори  е полоша од претходните избори.

    „На претходните избори имаше 26 кандидатки, а сега само 15, што е индикатор дека состојбата е полоша. Ние разговаравме со политичките партии, сакавме да ги убедиме дека треба да се зголеми бројот на жени на листите, бидејќи има квалификувани. Но, со џентлментско убедување изгледа не може тоа да се постигне, ќе мора тоа да се направи со закон“, рече Хеншоу во Собранието.

    На претстојните локални избори СДСМ има 6 кандидатки, ВМРО-ДПМНЕ – 4, ДУИ – 1, Движењето Беса – 1, Левица – 1 и две независни кандидатки. Презентацијата се оддржа во Собранието во организација на Клубот на пратенички на Парламентот во соработка со НДИ.

    Кандидатки за градоначалници на локалните избори се:

    1. Дафина Стојановска за Гостивар – ВМРО-ДПМНЕ
    2. Елена Јакимовиќ за Старо Нагоричане – ВМРО-ДПМНЕ
    3. Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане – СДСМ
    4. Жанета Чаушевска за Градско – ВМРО-ДПМНЕ
    5. Јадранка Бибан независен кандидат за Дебарца
    6. Јасмина Гулевска за Могила – СДСМ
    7. Марија Џонс за Град Скопје – Левица
    8. Мартина Ивковска за Илинден – СДСМ
    9. Миликије Халими за Арачиново – СДСМ
    10. Наташа Петровска за Битола – СДСМ
    11. Нафие Селмани за Град Скопје – Беса
    12. Нермин Теловска за Чаир – ВМРО-ДПМНЕ
    13. Соња Стаменкова за Македонска Каменица – СДСМ
    14. Теута Арифи за Тетово – ДУИ
    15. Снежана Манева независен кандидат за Дојран

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира