НЕ Е ВИНОВНО СУДСТВОТО ЗА СИСТЕМСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО СООБРАЌАЈОТ, ТУКУ ИНФРАСТРУКТУРАТА, СОВЕСТА И ПРЕВЕНЦИЈАТА, РЕАГИРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИ

    НЕ Е ВИНОВНО СУДСТВОТО ЗА СИСТЕМСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО СООБРАЌАЈОТ, ТУКУ ИНФРАСТРУКТУРАТА, СОВЕСТА И ПРЕВЕНЦИЈАТА, РЕАГИРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИЗа 8 февруари е закажан уште еден протест по повод убиството на Фросина Кулакова.(Фото: СДК.МК)

    Вината за системските проблеми во сообраќајот не може да се припише на судството, бидејќи сообраќајните несреќи се комплексен општествен проблем поврзан со инфраструктурата, превенцијата и свеста на учесниците во сообраќајот, предупредува Здружението на судии на Македонија (ЗСРСМ).

    Изразувајќи искрено жалење за загубата на млад човечки живот, каде ниту еден збор не може да ја ублажи болката на семејството и блиските, ниту да ја надомести трагедијата што не потресе сите, Здружение на судиите на Република Северна Македонија сочувствува, но истовремено и изразува загриженост за фактот што поедини судии се дискредитираат во јавноста, без притоа да се почитуваат принципите на правна сигурност и пресумпцијата на невиност“, кажаа денеска судиите.

    Здружението во целост се согласува и ја поддржува Подружницата на ЗСРСМ колегите од Основниот кривичен суд Скопје, во нивното барање за разумност и рационален пристап во согледување на евентуалните пропусти кај институциите, како и поддршка на граѓаните во нивното барање, исклучиво за системски промени и зголемување на безбедноста на граѓаните, но и доследно почитување на Уставот и Законите.

    Јавната осуда на судија не смее да биде иницирана и поткрепена од непотврдени шпекулации, односно без претходно да биде утврдена личната и професионална одговорност на судијата во конкретен случај. Повикуваме на внимателен и одговорен пристап од сите општествени гласноговорници во носењето на вакви одлуки, со цел да се зачува независноста на судската власт и да се избегнат непотребни политички или јавни притисоци врз носителите на правосудните функции“, кажа Здружението.

    На 29 јануари Фросина Кулакова (22) беше презгазена на пешачки премин на скопскиот булевар Партизански одреди спроти Универзална сала, од 20-годишниот Васил Јованов од Скопје. Тој ја прегази возејќи пијан, со голема брзина, без возачка дозвола и минувајќи на црвено светло. Јованов е во притвор, ќе му се суди за вршење кривично дело со умисла, истрагата и вештачењата уште траат.

    За 8 февруари (сабота) е закажан уште еден протест по повод убиството на Фросина Кулакова.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира