НЕ Е ВО РЕД ДА СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ПОЛА ГРАМ МАРИХУАНА, КАЖА ЗАЕВ И НАЈАВИ ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА И ДЕПЕНАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ

    НЕ Е ВО РЕД ДА СЕ ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ПОЛА ГРАМ МАРИХУАНА, КАЖА ЗАЕВ И НАЈАВИ ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА И ДЕПЕНАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТДо јуни 2021 ќе ја отвориме дебатата, а потоа процесот ќе оди во Собранието, кажа Заев. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев најави дека откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги, во земјава ќе почне широка дебата за целосна легализација на канабисот, на денешната прес-конференција за владиниот план „Акција 21 – европски стандарди дома“.

    „Точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор. Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност. До јуни 2021 ќе ја отвориме дебатата, а потоа процесот ќе оди во Собранието“, кажа Заев.

    Заев најави дека парламентот е подготвен да ги усвои предложените законски измени за кои што рече дека имале одредено блокирање во изминатиот период.

    „Ако тоа го направиме до крајот на оваа година, следната година очекуваме преку 250 милиони евра приходи од производство на канабис за медицински цели. Тоа ќе стимулира отворање на нови високо платени работни места. Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагнози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, се разбира, полицијата ќе продолжи со своите силни акции против криминал и трговија со дрога, за кои сведочиме секојдневни успеси, за што сакам да му честитам на министерот за внатрешни работи“, рече Заев.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира