НЕ ГИ ПЦУЕВ ВРАБОТЕНИТЕ, ТУКУ НИВНИОТ ОДНОС КОН РАБОТАТА, ВЕЛИ ЏАФЕРИ

    НЕ ГИ ПЦУЕВ ВРАБОТЕНИТЕ, ТУКУ НИВНИОТ ОДНОС КОН РАБОТАТА, ВЕЛИ ЏАФЕРИЏафери кажа дека нема да испитува дали намерно биле оставени вклучени микрофоните. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека пцовките кои се слушнаа на Собранискиот канал по завршување на седницата пред две недели не биле упатени кон вработените во собраниските служби, туку кон нивниот однос кон работата, на денешниот брифинг со новинарите. Тој, исто така, вели дека не чувствува одговорност да се извини. Според Џафери, вработените во собраниската служба направиле грешка со материјалите и дека ако тој не ја забележел грешка, седницата ќе требало да се врати назад.

    „Доколку се оди до крај, за таква грешка се оди дома. Материјалот кој се подготвил по гласање на дневниот ред, така како што беше подготвен, ја враќа седницата на почетокот. Ако не увидев на таква грешка, можеше да доведе во ситуација да не може да се поврати седницата. Таа не е лична работа, таа е одлука на Собранието. Собранието одлучува по дневниот ред. Такви материјали значеа седницата да се врати назад“, изјави Џафери.

    Тој ги обвини вработените од собраниската служба дека во работно време се шетаат по улица Македонија во центарот на Скопје, наместо да работат.

    „Не сметам дека сум прекршил нешто, останатото е мислење на јавноста. Јавноста си го кажа своето“, кажа Џафери.

    На 12 мај, по завршување на седницата, кадарот на Собранискиот канал покажуваше празна говорница, но микрофонот на Џафери не беше исклучен, и во етер отидоа навреди и пцовки од страна на претседателот на Собранието.

    Џафери кажа дека нема да испитува дали намерно биле оставени вклучени микрофоните.

    „Не е целта лов на вештерки да правиме. Да ги ловам вработените на грешки. Суштината е апропо статусот да ги извршуваат соодветно обврските. Ако ова продолжат ваквите грешки, ќе има соодветна постапка“, рече Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира