НЕ ГЛЕДАМЕ ПРИЧИНА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ДА НЕ ДОБИЕ ШАНСА ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ВЕЛИ ХОЈТ ЈИ

    НЕ ГЛЕДАМЕ ПРИЧИНА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ДА НЕ ДОБИЕ ШАНСА ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ВЕЛИ ХОЈТ ЈИПо средбите со политичките лидери, Хојт Ји даде изјава за медиумите пред резиденцијата на американскиот амбсадор на Водно. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Заменик помошникот на Државниот секретар во Стејт Департментот Хојт Ји кажа дека САД не гледа причина новото парламентарно мнозинство да не добие шанса да формира влада по средбите со македонските политички лидери.

    „Веруваме дека е многу важно за политичките лидери да најдат решение за политичката криза. Да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да состави влада и владина програма. Знаеме дека има грижи околу владината програма, но за тоа треба да се дебатира и гласа во парламентот, не надвор. Единствен излез од кризата е формирање нова влада. Не гледаме причина новото парламентарно мнозинство да не добие шанса да формира влада“, изјави Хојт Ји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира