НЕ ЈА ЗЕМАЈТЕ ЗДРАВО ЗА ГОТОВО 2025 ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, КАЖА МОГЕРИНИ

    НЕ ЈА ЗЕМАЈТЕ ЗДРАВО ЗА ГОТОВО 2025 ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, КАЖА МОГЕРИНИПрес-конференцијата на Федерика Могерини се следеше во живо на видеобим во ЕУ инфо центарот во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини кажа дека датумот 2025 година е само потенцијален датум за влез во ЕУ на шесте земји од Западен Балкан, меѓу нив и Македонија. Могерини, заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, денеска во Стразбур ја презентираше Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан.

    „Датумот што се споменува – 2025 година, не е конечен, туку потенцијален, односно можен датум. Тргнете го настрана датумот“, изјави Могерини, додавајќи дека нема да има влез во ЕУ без решени билатерални спорови.

    Таа најави дека наредните 6 месеци може да бидат историски и дека може да се случат пресвртници.

    Евроамбасадорот во Скопје Самуел Жбогар, пак, кажа дека, какво и да биде решението за спорот за името, тоа ќе биде тешко за двете влади, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Стразбур за спорот меѓу Македонија и Грција.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира