НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИМЕ ПОЗИЦИЈАТА ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ДЕКЛАРАЦИЈА ВО ПАРЛАМЕНТОТ, КАЖА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ ПО СРЕДБАТА СО ОСМАНИ И ХОЛШТАЈН

    НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИМЕ ПОЗИЦИЈАТА ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ДЕКЛАРАЦИЈА ВО ПАРЛАМЕНТОТ, КАЖА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ ПО СРЕДБАТА СО ОСМАНИ И ХОЛШТАЈНГерманската амбасадорка Анке Холштајн кажа дека нејзината земја ќе направи сè што е можно првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на годината. - Холштајн, Османи и Ангелов на денешниот работен појадок во МНР (Фото: К. Попов)

    Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов кажа дека неговата земја не може да ја промени позицијата во однос на почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ затоа што имаат декларација во парламентот и одлука на владата по тоа прашање, одговарајќи на новинарско прашање по денешниот работен појадок со министерот за надворешни работи Бујар Османи и германската амбасадорка Анке Холштајн во МНР.

    „Бугарија не може да ја промени позицијата затоа што има декларација на парламентот и одлука на владата. Тоа што се говори во ЕУ внатре, тоа е проблем на ЕУ. Тоа е проблем на Брисел, не е наш проблем“, кажа Ангелов, додавајќи дека сега се сконцентрирани да се заврши Берлинскиот процес, за да ѝ покажеме на ЕУ дека можеме заеднички да завршиме нешто.

    Германската амбасадорка Холштајн, пак, кажа дека нејзината земја ќе направи сè што е можно првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на годината.

    „Сум кажала многу пати и среќна сум да повторам одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија е наша цел како германско претседателство на полето на проширувањето и се држиме цврсто до таа цел. Ќе направиме сè што можеме тоа да се случи, има уште време и тоа е во интерес на сите вклучени во процесот“, кажа амбасадорката Холштајн

    Османи не сакаше да навлегува во детали за што се разговарало со Бугарија за, како што кажа, да им остави простор на работните групи да продолжат со разговорите, но рече дека јавноста ќе биде информирана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира