НЕ НИ Е ПОТРЕБЕН ОГАН, РЕЧЕ МОГЕРИНИ, КОЈА ПОБАРАЛА ОД ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ТОЈ ШТО ИМА МНОЗИНСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ НИ Е ПОТРЕБЕН ОГАН, РЕЧЕ МОГЕРИНИ, КОЈА ПОБАРАЛА ОД ИВАНОВ ДА ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ТОЈ ШТО ИМА МНОЗИНСТВО

    Високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини го советувала претседателот Иванов да го даде мандатот на партиите што имаат освоено мнозинство во Парламентот и апелираше до политичките лидери да не дозволат институционалната криза да премине во меѓуетнички или геополитички конфликт.

    „Дојдов со јасна порака дека ЕУ е посветена на европската интеграција на оваа земја. Тоа е целта на мојата посета тука“, рече Могерини пред седиштето на мисијата на Европската комисија во Скопје.

    Таа рече дека го замолила претседателот да ја промени својата одлука и да го довери мандатот на партиите што имаат мнозинство во Собранието затоа што така е запишано во Уставот.

    „Главните работи за кои разговараме беше како да се излезе од оваа криза. Не е работа на Европската Унија да каже како, но на ЕУ како пријател кој се грижи за оваа земја и за граѓаните е да индицира што не загрижува и што претставува кршење на демократските принципи и дух“, рече Могерини.

    Шефицата на европската дипломатија истакна дека никаде во демократскиот свет не може на парламентарното мнозинство, кое го претставува мнозинството на граѓаните во унитарна држава да не му се дозволи да формира влада – тоа е спротивно на демократските принципи и спротивно на евроатлантските вредности. Таа додаде дека побарала од Иванов да ја ревидира својата одлука во интерес на волјата и интерес на сите граѓани, согласно Уставот на Македонија, кој вели дека „мандатот се дава на лидерот кој има мнозинство во парламентот“.

    „Сите политички лидери имаат одговорност да ја омекнат реториката и да не дозволат ситуацијата да прерасне во меѓуетнички или геополитички конфликт. Ова е комплексна земја, во комплексен регион и не ни е потребен оган“, рече Могерини, додавајќи дека Македонија не е изложена на надворешни закани, туку на внатрешни сериозни проблеми.

    Таа изрази надеж дека политичките лидери ќе изнајдат решение, согласно Уставот и на одговорен начин ќе ја извлечат земјата од криза.

    „Кога тоа ќе се случи, ЕУ и меѓународната задница ќе застане на страната на Македонија и конечно ќе се направат чекори кон евроинтеграциите“, рече Могерини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира