НЕ ОЧЕКУВАМ НИШТО ПОЗИТИВНО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕТСТОЈНИОТ САМИТ НА ЕУ, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ

    НЕ ОЧЕКУВАМ НИШТО ПОЗИТИВНО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ПРЕТСТОЈНИОТ САМИТ НА ЕУ, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИПендаровски смета дека власта и опозицијата наскоро ќе се договорат за одржувањето на изборите (Фото: Фејсбук)

    На претстојниот самит на Европската Унија не можеме да очекуваме позитивна одлука за Македонија, вели претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека и опозицијата е виновна за тоа поради својот тврд став. Тој се обрати на годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници, по што кажа дека е јасно каков исход ќе има самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи следниот месец.

    Исходот е јасен, со оглед дека предусловот го имаме во европската преговарачка рамка. Не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно е дека на декемврискиот самит не може да има позитивна одлука за нас“, изјави Пендаровски.

    Иако смета дека со тоа државата нема да биде дестабилизирана, можат да се влошат меѓуетничките односи во земјава.

    Пендаровски смета дека власта и опозицијата би можеле наскоро да се договорат за одржувањето на изборите.

    Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно во наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период“, изјави Пендаровски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира