НÈ ОХРАБРУВА ДЕКА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ЈА ГЛЕДААТ ИДНИНАТА ВО ЕУ, РЕЧЕ ЕУ АМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

    НÈ ОХРАБРУВА ДЕКА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ЈА ГЛЕДААТ ИДНИНАТА ВО ЕУ, РЕЧЕ ЕУ АМБАСАДОРОТ ЖБОГАРАмбасадорите на Италија и на ЕУ, Карло Ромео и Самуел Жбогар  на отворањето на изложбата „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим (Фото: Ѓ. Личовски)

    Големото мнозинство граѓани на Македонија ја гледаат својата иднина во Европската унија и тое е нé охрабрува, рече Самуел Жбогар, амбасадорот на ЕУ во Скопје на отворањето на изложбата „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим во самонот на Македонската опера и балет (МОБ).

    Амбасадорот Жбогар рече дека ЕУ е активна со години  во Македонија со цел да помогне во подготовките за идното  членство на државата.

    “ Како најголем донатор, ЕУ има инвестирано милиони евра во разни области. ЕУ и нејзините земји- членки, покрај тоа што се најголеми инвеститори, се исто така најголеми трговски партнери, оттаму и најголеми создавачи на работни места во земјата. Големо мнозинство од граѓаните ја признаваат и ценат нашата вклученост и големо мнозинство на луѓе ја гледаат својата иднина во семејството на ЕУ. Ова не само што нé охрабрува туку и нé обврзува да зборуваме гласно и да бидеме јасни за тоа кои се патиштата кои нé водат кон најблиско партнерство и на крај кон членство“, порача Жбогар.

    На 25 март 1957 се потпишаа Римските договори , кои беа првите  чекори кон обединување на Европа. Со потпишувањето на Римските договори, се смета дека  е раѓањето на модерната Европската Унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира