НЕ ПРЕСТАНУВААТ ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА, УЧЕНИЦИТЕ ЕВАКУИРАНИ

    НЕ ПРЕСТАНУВААТ ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ ВО СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА, УЧЕНИЦИТЕ ЕВАКУИРАНИЗаканите со бомби во скопските училишта почнаа минатата недела, почнувајќи од среда. - Гимназијата „Орце Николов“ (Фото: СДК.МК)

    И денеска, вторпат неделава, се испратени закани за поставени бомби во четири средни училишта во Скопје. Учениците и персоналот се евакуирани, а полицијата врши антитерористички проверки, потврдија од МВР.

    Евакуирани денеска се „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“.

    Заканите со бомби во скопските училишта почнаа минатата недела, почнувајќи од среда, и три дена по ред пристигнуваа закани за бомби во неколку скопски училишта. Заканите досега беа лажни.

    Полицијата во средата повика на разговор едно лице од Скопје во врска со заканите, но лицето беше веднаш пуштено и од обвинителството кажаа дека не е поврзано со испратените закани.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во гостување на ТВ „Сител“ кажа дека пораките се пуштени од надвор од државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира