НЕ СЕ ДЕРИ, Ѝ РЕЧЕ БОЈАН ЈОВАНОВСКИ НА ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА КОГА ТАА ОБРАЗЛОЖИ ЗОШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПУШТИ ОД ПРИТВОР

    НЕ СЕ ДЕРИ, Ѝ РЕЧЕ БОЈАН ЈОВАНОВСКИ НА ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОВСКА КОГА ТАА ОБРАЗЛОЖИ ЗОШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПУШТИ ОД ПРИТВОР„Обвинетиот не го уапсивме во библиотека, туку на граница спремен за бегство“, кажа Русковска по барањето на Јовановски да биде пуштен од притвор. (фото: К. Попов)

    По сослушувањето на сведокот на одбраната на денешното рочиште на „Рекет”, првообвинетиот Бојан Јовановски, обвинет за рекет и перење пари, побара да му биде укинат притворот, на што реагираше обвинителката Вилма Русковска, а тој и кажа да не се „дере“.

    „Обвинетиот не го уапсивме во библиотека, туку на граница спремен за бегство. За укинување на мерката притвор не смее ни да се размислува”, кажа Русковска по барањето на Јовановски да биде пуштен од притвор.

    „Не сме тука да ги слушаме вашите гласовни способности. Не се дери!”, ѝ кажа Јовановски, на што Русковска не му возврати, исто како и на претходните судски рочишта, кога ја нарекува „таканаречена обвинителка“, „лажга“ и слично.

    Јовановски кажа дека за среќа нема малигнозни промени, но проблемите со желудникот и повраќањето  уште го мачат.

    Судијката Васка Николовска Масевска кажа дека ќе се изјасни за неговото барање во наредниот период.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира