НЕ СЕ ПАЛЕТЕ ЏАБЕ НА ЕТНИЧКА КАРТА, НЕМА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, ПОРАЧА ДУИ ПРЕКУ АРТАН ГРУБИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ СЕ ПАЛЕТЕ ЏАБЕ НА ЕТНИЧКА КАРТА, НЕМА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА, ПОРАЧА ДУИ ПРЕКУ АРТАН ГРУБИ

    Артан Груби, пратеник и најблизок соработник на лидерот на ДУИ Али Ахмети, вели дека со заедничката изјава на албанските партии не се задира унитарниот карактер на државата и не се предвидува федерализација, ниту кантонизација, ниту поделба на земјата.

    „Заедничката изјава на албанските политички партии во Македонија е изјава напишана во Скопје, од страна на албанските партии во Македонија и е изјава за една европска Македонија. Одделните точки од заедничката изјава на албанските политички партии извираат од нашите изборните програми, и на ниту еден начин не задираат врз унитарниот карактер на државата, не предвидуваат на никаков начин федерализација, ниту кантонизација, ниту пак поделба на земјата“, објави Груби на својот профил на Фејсбук.

    Тој ги повика македонските партии да не прават судири на етничка основа и да не прават хистерија од делови од заедничката изјава.

    „Ги повикувам македонските медиуми и политички партии, нивните меѓупартиски судири да не ги прават на етничка основа, а уште помалку користејќи одвоени делови од нашите изјави, ставајќи ги во хистеричен контекст на нивните концептуални судири бидејќи, прво, не е во полза на вистината, и второ е една опасна игра“, додава Груби.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира