АДЕМИ ГО ОДЛОЖИ ИЗБОРОТ НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПОРАДИ ОТСУСТВО НА ЕДНА СУДИЈКА, А ИСТАТА НЕ БЕШЕ ПРИСУТНА НИ КОГА СЕ РАЗРЕШИ ДАМЕВА, ПА НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ

    АДЕМИ ГО ОДЛОЖИ ИЗБОРОТ НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПОРАДИ ОТСУСТВО НА ЕДНА СУДИЈКА, А ИСТАТА НЕ БЕШЕ ПРИСУТНА НИ КОГА СЕ РАЗРЕШИ ДАМЕВА, ПА НЕМАШЕ ПРОБЛЕМСудскиот совет е без претседател. - Од денената седница (Фото: СДК.МК)

    Седумтемина членови на Судскиот совет кои вчера незаконски со само 6 гласа и без запазување на постапката ја разрешија претседателката Весна Дамева на предлог на нејзиниот заменик Селим Адеми, сега немаат осми глас за избор на нов претседател, поради што ја одложија седницата за 2 мај.

    Селим Адеми се пожали дека мора да се одложи седницата, не биле тука сите членови, иако има присутни 12 членови и Судскиот совет има полно право на одлучување.

    Разрешената претседателка Весна Дамева процедурално го праша зошто два дена бара одлагање, за да дојдат до мнозинство од 8 гласа за нов претседател?

    „Еве ќе ви дадеме два дена, ќе видиме дали ќе дојдете до потребното мнозинство. Што може да се смени по 2 дена? Немавме доволно време да изградиме став? Па тогаш ние не заслужуваме да седиме во ова тело. Вие требаше вчера да нè заштитите сите од надворешни притисоци”, кажа Дамева.

    Но, Адеми го стави на гласање предлогот и ја закажа седницата на 2 мај.

    Го прашавме заменикот Селим Адеми: „Зошто дури на 2 мај? Има опасност дека ќе се врши притисок врз членовите да се премислат за избор на нов претседател”.

    „Па на 1 мај не се работи. Судии се, не смеат да дозволат да им се врши притисок”, рече Адеми.

    „А што значи тоа, дека на членовите кои не се судии, може да им се врши притисок?”, дополнително го прашавме.

    „На мене никој не ми врши. Јас само велам дека нема услови денеска за седница и за избор на претседател на Судскиот совет”, рече Адеми.

    „Денеска не е тука врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова, но и вчера таа не беше, па без неа ја разрешивте претседателката како што ја разрешивте”, забележаа новинарите.

    Адеми на ова не одговори, си замина низ вратата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира