НЕ СЕ ВАДЕТЕ НА МЕНЕ КОГА НОСИТЕ ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ ЗА ПРИТВОР, ИМ ПИШАЛ БЕЈЛИ НА СУДИИТЕ

    НЕ СЕ ВАДЕТЕ НА МЕНЕ КОГА НОСИТЕ ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ ЗА ПРИТВОР, ИМ ПИШАЛ БЕЈЛИ НА СУДИИТЕПоради затворањето на американските владини служби, одговорните во Американската амбасада во Скопје не се достапни за коментар на писмото. - Амбасадорот Џес Бејли (Фото: СДК.МК)

    Американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од судот.

    Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во кое Бејли предупредил дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите.

    Писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

    Владата на САД има инвестирано речиси 30 милиони долари од 2002 година за подобрување на судскиот сектор во Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира