НЕ СМЕ ПРОТИВ НОВОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА, ТУКУ ДАЛИ БИЛ ЛЕГИТИМЕН ПРОЦЕСОТ, КАЖА ЛАВРОВ

    НЕ СМЕ ПРОТИВ НОВОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА, ТУКУ ДАЛИ БИЛ ЛЕГИТИМЕН ПРОЦЕСОТ, КАЖА ЛАВРОВ„Ние отсекогаш активно сме го поддржувале дијалогот меѓу Грција и Македонија“, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. (Фото: Руско МНР)

    Русија не се противи на новото име на Македонија, туку прашува дали бил легитимен процесот за негово усвојување, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес-конференција. Тој праша дали процесот по кој дојде новото име се должи на желбата на Грција и Македонија да најдат консензус или се должи на желбата на САД да ги внесат сите балкански земји во НАТО што е можно побрзо за да го запре руското влијание во регионот.

    „Ние отсекогаш сме го поддржувале тој дијалог. Ние секогаш зборувавме да се најде решение на начин прифатлив за јавноста, народите и секако владите на Грција и Македонија. Ние не сме против името што на крајот се појави и беше соопштено. Ние само ја доведуваме во прашање легитимноста на процесот и колку тој навистина се должи на стремежот на Грција и Македонија да најдат консензус или се должи на желбата на САД да ги внесат сите балкански земји во НАТО што е можно побрзо за да го запре руското влијание во регионот“, изјави Лавров.

    Македонскиот парламент на 11 јанури ги усвои уставните измени за новото име Република Северна Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира