НЕ СУМ НИКОЛА ТОДОРОВ ДА ГИ ШЕТАМ СИТЕ МИНИСТЕРСТВА, МОЖАМ САМО ДА СЕ ВРАТАМ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ, РЕЧЕ ДЕСКОСКА

    НЕ СУМ НИКОЛА ТОДОРОВ ДА ГИ ШЕТАМ СИТЕ МИНИСТЕРСТВА, МОЖАМ САМО ДА СЕ ВРАТАМ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ, РЕЧЕ ДЕСКОСКАМинистерката за правда Рената Дескоска денеска беше еден од говорниците на конференцијата на тема „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на Европската Комисија“. (Фото: К. Попов)

    Министерката за правда Рената Дескоска која и утринава разговараше со претставникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски за истрагите на СЈО, прашана дали очекува реконструкција на Владата и враќање во Министерството за образование, рече дека би се вратила само на Правниот факултет кај што им предава на студентите.

    „Да се вратам јас во Образование, немам намера, сепак јас не сум Никола Тодоров да ги шетам сите ресори. Единствено место каде би се вратила е Правниот факултет“, одговори министерката Дескоска.

    Наспроти премиерот Зоран Заев, Дескоска рече дека ни денеска немало приближување со ВМРО-ДПМНЕ за членот 105 од Законот за јавно обвинителство, со кој се решава иднината на истрагите на СЈО.

    „Црвените линии за поведените истраги, не смеат да бидат поминати. ВМРО-ДПМНЕ бара тие истраги да запрат, односно преку нивните предлози, одредени осомничени во истрагите, да добијат скриена амнестија“, одговори Дескоска конкретно каде е спорот со ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира