НЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ БУГАРИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ НАВРЕМЕ, КАЖА МЕРКЕЛ

    НЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ БУГАРИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ НАВРЕМЕ, КАЖА МЕРКЕЛСледниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе се одржи на 7 декември. - Од видеообраќањето на Меркел на Самитот на Берлинскиот процес во Софија на 10 ноември. (Фото: Влада на РСМ)

    Германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека се соочуваат со потешкотии да овозможат одржување на меѓувладината конференција на ЕУ со Северна Македонија, како и дека не знае дали ќе има време тоа да се случи до крајот на германското претседателство со ЕУ, бидејќи Бугарија и Северна Македонија треба да се договорат.

    „Посветивме големо внимание на Западен Балкан. Берлинскиот процес се покажа како добра иницијатива што дава резултати. Но, имаме потешкотии да овозможиме да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија. Албанија направи голем напредок, но во случајот со Северна Македонија е прашање дали ќе успееме навреме, бидејќи има потреба од разговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што сите знаат“, кажа Меркел во говорот на денешната видеоконференција со пратеници од цела Европа, објавен на нејзиниот официјален веб сајт.

    Следниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе се одржи на 7 декември, кога треба да се донесе одлука околу почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. На претходниот состанок на министрите, Бугарија стави вето на преговарачката рамка за Северна Македонија, бидејќи останатите земји членки не се согласија нејзините барања да влезат во рамката. Германското претседателство завршува на крајот од годината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира