НЕЏАТ И ШКЕЛЌИМ СТАНАА МАКЕДОНЦИ, А КРИСТИНА, САРА И ЉУПЧО АЛБАНЦИ, САМО ЗА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПО БЕСМИСЛЕНИОТ БАЛАНС ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

    НЕЏАТ И ШКЕЛЌИМ СТАНАА МАКЕДОНЦИ, А КРИСТИНА, САРА И ЉУПЧО АЛБАНЦИ, САМО ЗА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПО БЕСМИСЛЕНИОТ БАЛАНС ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИВработувањето по рамковен договор одамна изгуби смисла и помина во принуда и кршење на основните човекови права на кандидатите кои конкурираат на огласи за во државните органи, во националните установи и на други места во администрацијата. Панорама на НОБ и Филхармонија (Фото: К. Попов)

    Неџат С. во Ансамблот на албански народни ора и песни со Изјава за припадност дека се чувствува како Македонец, се вработил на место предвидено за пејач – Македонец. На место инструменталист – хармоникаш Македонец, во истиот Ансамбл, се вработил Шкелќим. Ј. И тој поднел Изјава за етничка припадност – Македонец.

    На првиот оглас (на трети март) се јавиле 7 Албанци, но на 6 им недостасувала Изјава за етничка припадност во документацијата. Само Неџат С. имал доставено таква изјава.

    Во исто време оглас за вработување на два инструменталиста на виола и еден виолончелист, строго за Албанци, распишала и Националната опера и балет.

    На местата виолисти – Албанци, според објавената информација на веб страната на НОБ, примени се Кристина С. и Сара Т., кои поднеле Изјава за етничка припадност – Албанки.

    Како виолончелист – Албанец, примен е Љупчо М. .

    Ништо нема незаконско во двата огласа, но проблемот е што стана редовна појава кандидати од една етничка припадност да мора да се пишуваат дека се чувствуваат дека се од друга, односно да си ги крадат местата едни на други само за да се задоволи критериумот „баланс“ кој го бара Министерството за информатичко општество и администрација, односно законот и Уставот.

    „Националниот ансамбл се раководи од принципот строго почитување на законот и прописите донесени од релевантни институции во Република Северна Македонија“, ни изјави во врска со огласот Шкодран Талај, директорот на Албанскиот ансамбл.

    Ова е уште еден доказ дека вработувањето по рамковен договор одамна изгуби смисла и помина во принуда и кршење на основните човекови права на кандидатите кои конкурираат на огласи за во државните органи, во националните установи и на други места во администрацијата.

    Платата на овие образовани млади луѓе кои морале да се пишат тоа што не се по етничка припадност, само за да се вработат, е околу 500 евра. Сите се со договор на определено работно време, до 31.12.2021 година, а не со трајно вработување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира