„НЕФА МЕБЕЛ“ САМО ВО ГОСТИВАР ОГРАБИ 160 КЛИЕНТИ, ПА ОВА Е ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ВЕЛАТ КУПУВАЧИТЕ, МАЛИ ШАНСИ ДА СЕ ВРАТАТ ПАРИТЕ ОД ИЗБЕГАНАТА СРПСКО-РУСКА ФИРМА

    „НЕФА МЕБЕЛ“ САМО ВО ГОСТИВАР ОГРАБИ 160 КЛИЕНТИ, ПА ОВА Е ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ВЕЛАТ КУПУВАЧИТЕ, МАЛИ ШАНСИ ДА СЕ ВРАТАТ ПАРИТЕ ОД ИЗБЕГАНАТА СРПСКО-РУСКА ФИРМА„Нефа мебел“ во Македонија има десетина продавници низ целата земја. Последната продавница во Скопје, во ГТЦ, е отворена пред точно една година, во мај лани, но од завчера сите се затворени и никој не се јавува на телефон. (Фото: Фејсбук)

    Мали се шансите дека купувачите ќе си го добијат платениот мебел, откако српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ завчера без најава ги затвори сите продавници во Србија и Македонија. Руската компанија „Спилит“ која го призведува мебелот што го продава „Нефа“, пред два дена преку ноќ побегна од Врање и Самобор и остави долгови и 550 работници без работа во фабриката и 34-те продавници низ Србија, објавија српските медиуми.

    „Нефа мебел“ во Македонија има десетина продавници низ целата земја. Последната продавница во Скопје, во ГТЦ, е отворена пред точно една година, во мај лани, но од завчера сите се затворени и никој не се јавува на телефон.

    „Само во Гостивар сме 160 ограбени клиенти, па ова е организиран криминал“, вели еден од купувачите во коментар на текстот за измамата на „Нефа мебел“ на фејсбук страната на САКАМДАКАЖАМ.МК. Има и коментари на измамени купувачи од Струмица и Скопје.

    Во Македонија, компанијата има 3 продавници во Скопје – во Сити мол, Капитол Мол и ГТЦ, и во Велес, Гостивар, Прилеп, Битола, Тетово.  Но вчера попладнето сите одеднаш затвориле, а купувачите велат дека продавачите кои биле внатре не можеле да им дадат информации како да ги добијат нарачките.

    „Нефа мебел“ била привлечна со особено ниските цени на мебелот, како и дополнителните попусти кои последно биле дадени на изминатиот саем за мебел минатиот месец.

    Директорот на „Нефа мебел“ во Србија Максим Максимов, минатата недела на неколку дена пред затворањето на српскиот менаџмент му испратил порака дека морал итно да замине во Русија заради технички преглед на автомобилот и оттогаш никој нема контакт со рускиот менаџмент. (Фото: Блиц)

    Српски „Блиц“ пишува дека во белградските продавници мебелот е веќе разграбан од вработените за кои тоа било единствениот начин да си ги надоместат неисплатените плати, а сè што има во главниот магацин го запленил сопственикот на изнајмениот простор бидејќи Русите не му платиле закуп.

    Според претседателот на српската организација за заштита на потрошувачи, нема многу надеж дека измамените купувачи ќе си го добијат порачаниот платен мебел или пак парите назад. Тој вели дека таква можност би имало само ако „Спилит“, рускиот сопственик  на „Нефа мебел“, има правен наследник, во спротивно фабриката ќе оди под стечај и неизвесно е колкава би била стечајната маса. Тој укажува дека станува збор за класична приказна за сомнителен странски инвеститор, слично со „Хенди“, кои се рекламирале како најевтини, а потоа преку ноќ избегале од Србија. Според него, странските инвеститори во вакви случаи однапред си го прават есапот колку пари вложиле, а колку ќе извлечат и профитираат со измамата на клиентите и работниците.

    Според „Блиц“, директорот на „Нефа мебел“ во Србија  Максим Максимов, минатата недела на неколку дена пред затворањето на српскиот менаџмент му испратил порака дека морал итно да замине  во Русија заради технички преглед на автомобилот. Тоа бил последниот контакт на српскиот менаџмент со рускиот менаџмент на фирмата и секој обид да ги контактираат бил безуспешен. Оттогаш почнала да откажува и логистиката, да доцни испораката на мебелот, а по е-пошта стигнувале известувања работниците да користат годишен одмор и дека е многу важно да се извлекуваат депозитите за да се исплатат долговите на фирмата.

    Г. КОНЕВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари