НЕФИ УСЕИНИ Е ВО ПРИТВОР ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ОХРИД ЗА КОЈА ТЕПАНИОТ СЕ ПРЕМИСЛИ

    НЕФИ УСЕИНИ Е ВО ПРИТВОР ЗА ТЕПАЧКАТА ВО ОХРИД ЗА КОЈА ТЕПАНИОТ СЕ ПРЕМИСЛИПритвор за Усеини беше побаран и одреден поради опасност пак да го нападне Топалоски, да влијае врз сведоците и доказите и поради опасност од бегство. - Од отворањето на пицеријата на Нефи Усеини во центарот на Охрид. (Фото: Фејсбук)

    Советникот на ДУИ во Општина Охрид од пред еден час е во притвор во истражниот оддел на затворот во Охрид, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР. На Усеини му беше одреден притвор од 8 дена на 20 август, откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за кривичните дела Насилство и Неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали за инцидентот со охриѓанецот Спире Топаловски.

    Топаловски првично изјави дека бил тепан со пиштол пред син му, но потоа ја смени изјавата и рече дека му се причинило дека видел пиштол, а Усеини му е пријател.

    Неофицијално, во обвинителството има снимки од инцидентот, на кои што се гледа дека Усеини има оружје во рака и го удира Топаловски по тилот пред очите на син му.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира