НЕГОТИНЧАНЕЦ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 14 ИЛЈАДИ ЕВРА ОТИ СЕ ИЗЛИЗГАЛ НА АВТОПАТ ВО СЛОВЕНИЈА

    НЕГОТИНЧАНЕЦ ТРЕБА ДА ПЛАТИ 14 ИЛЈАДИ ЕВРА ОТИ СЕ ИЗЛИЗГАЛ НА АВТОПАТ ВО СЛОВЕНИЈАВо тек се разговори преку адвокатите на македонската транспортна компанија за намалување на сумата. (Фото: Сиол)

    Македонски камионџија добил да плати сметка од 14 илјади евра откако минатата недела се излизгал на неисчистен автопат близу словенечкото гратче Тројане и го блокирал сообраќајот речиси шест часа, објави словенечкиот портал „Сиол“.

    Компанијата „Жонта“, ангажирана од ДАРС, словенечката државна компанија задолжена за одржување на автопатите, испратила фактура на неготинската компанија „Емса Шпед“, чиј што е камионот во износ од 14 илјади евра за седум часа влечење на камионот со специјално возило, пет часа работа со кран, транспорт на оштетени делови, лежарина, паркинг и слично.

    Неготинската компанија ангажирала компанија од Целје да ги застапува, која смета дека „Жонта“ неправедно прикажала толку големи трошоци и испратила писмо и до македонската амбасада во Љубљана.

    Од „Жонта“ за „Сиол“ изјавиле дека во тек се разговори преку адвокатите на македонската транспортна компанија за намалување на сумата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира