Неколку илјади граѓани маршираа денеска од Мисијата на ЕУ во Скопје до Собранието на протестот за прекин на преговорите за името со Грција, организиран од здруженијата „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“.
Во првите редови на протестот беше владиката Агатангел, кој беше и еден од говорниците на собирот пред парламентот. На протестот говореше и владиката Петар.
Покрај прекин на преговорите за името, организаторите бараат повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.