НЕМА ДА ИМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД 1 ЈАНУАРИ, МОЖЕ ДА ИМА ПОЕВТИНУВАЊЕ ЗА КОМПАНИИТЕ, ВЕЛИ БЕКТЕШИ

    НЕМА ДА ИМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД 1 ЈАНУАРИ, МОЖЕ ДА ИМА ПОЕВТИНУВАЊЕ ЗА КОМПАНИИТЕ, ВЕЛИ БЕКТЕШИТЕЦ Неготино во моментов не работи затоа што е поевтино да увезе струја, вели Бектеши. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните нема да имаат зголемени сметки за струја од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки, кажа денеска министерот за економија Крешник Бектеши. За ТЕЦ Неготино, која што работи на мазут, тој кажа дека во моментов не работи затоа што е поевтино да увезе струја.

    „ТЕЦ ќе работи кога ќе биде исплатливо да работи. Ако ја земеме предвид цената на мазутот моментално, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино излегува некаде 240 до 245 евра, а ако увеземе, претходната недела увезувавме со 205 евра по мегават час, зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Поевтино во моментов е да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулации од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи“, изјави Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настан во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира