НЕМА МИНИМУМ КРИТЕРИУМИ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ – ПИСМО ОД ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА МИНИМУМ КРИТЕРИУМИ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ – ПИСМО ОД ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    Холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс во својство на претседавач на Европската унија констатирал дека “минимумот критериуми за веродостојни избори во Македонија не се исполнети“, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од партиски извори.

    Во писмото што го упатил до сите претседатели на политичките партии кои го потпишаа Договорот во Пржино тој изразува сериозна загриженост заради состојбите во Македонија.

    Кундерс се повикува на критериумите за услови за кредибилни избори што ги побараа ЕУ и САД во јануари и февруари и потсетува дека не се исполнети барањата за прочистен избирачки список, медиумски реформи и одвојување на државата од партијата и крај на вознемирувањето на гласачите.

    Во писмото Кундерс бара и веднаш да се повлече одлуката на Иванов за помилување на политичарите осомничени од СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира