НЕМА НАСТРАДАНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА, ВЕЛИ МНР

    НЕМА НАСТРАДАНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА, ВЕЛИ МНРВо судирот кај Лариса загинаа најмалку 36 луѓе, а над 80 се повредени (Фото: АП)

    Министерството за надворешни работи соопшти дека засега нема информации дека меѓу загинатите и повредените во тешката железничка несреќа во Грција има македонски државјани. Патнички воз со околу 350 патници, кој сообраќал на релацијата Атина-Солун, ноќеска пред полноќ се судри со товарен воз близу Лариса, при што загинаа најмалку 36 луѓе, а над 80 се повредени.

    „Досега ниту до Министерството, ниту до нашите дипломатско-конзуларни претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во несреќата има државјани на Република Северна Македонија. Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција“, соопшти МНР.

    Оттаму додаваат дека се отворени за контакт 24 часа, а на располагање се телефонските броеви на македонските дипломатски претставништва во Грција, +30 6655191321 во Атина и +30 6987200410 во Солун, како и СОС телефонот на МНР во Скопје, +38975273732.

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи телефонски разговараше со својот грчки колега Никос Дендијас и притоа кажа дека Република Северна Македонија е подготвена да ги стави своите капацитети на располагање и да помогне во справувањето со последиците на несреќата.

    Грчкиот премиер Мицотакис објави дека во земјата е прогласена тридневна жалост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира