Зоран Заев не е дециден дали тој како премиер на Македонија и колегата Алексис Ципрас како премиер на Грција договараат изјаснување на референдум во двете држави за евентуалното постигнато решение на спорот за името. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали полека бледнее опцијата за референдумско изјаснување за името во двете држави, Заев одговори како лидер на СДСМ.
„Ставот на Социјалдемократскиот сојуз е до решение за спорот за името со Грција да се дојде заедно со опозицијата и тоа да биде потврдено на референдум. Нема ништо страшно во изјаснување на граѓаните од двете страни. Според нашите закони, референдумот би се организирал и распишал брзо, а и би бил гаранција за Грција за решението“, го кажа премиерот Заев ставот на СДСМ.
С. К. ДЕЛЕВСКА