НЕМА НОВИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

    НЕМА НОВИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

    Нема нови македонски државјани на црната листа на Одделот за контрола на странски имоти при Министерството за финансии на САД, објавена денеска. На оваа листа остануваат и натаму Љубе Бошкоски, Нури Беџети, Џеват Адеми ,Гафур Адили, Невзат Халили, Кастриот Хаџиреџа, Џеват Хасани, Даут Реџепи-Лека, Џезаир Шаќири, Мендух Тачи, Хусеин Џемаили. На листата е и организациите Армијата на република Илирида(АРИ), Албанската национална армија(АНА)

    Според оваа листа, министерството извршува економски и трговски санкции базирани на американската надворешна политика против целните странски земји и режими, терористи, меѓунардони дилери на дрога, оние кои се ангажирани во распространување оружје за масовно уништување и други закани за националната безбедност, надворешната политика и стопанството на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари