НЕМА ПОКАЧУВАЊА НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО, ПАРИ ИМА САМО ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ

    НЕМА ПОКАЧУВАЊА НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО, ПАРИ ИМА САМО ЗА НОВИ ВРАБОТУВАЊА, РЕЧЕ ТАРАВАРИ„Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратување на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември“, рече Таравари. (Фото: K. Попов)

    Нема да се зголемат платите на здравствените работници до крајот на годината, ниту пак ќе има потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

    Таравари денеска ја посети Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје и одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има покачување на платите за здравствениот сектор, кажа дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

    „Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратување на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор“, кажа министерот.

    Поради недостигот на средномедицински персонал и специјалисти, Таравари кажа дека ќе има пари за вработувања, бидејќи здравствените институции се соочуваат со голем притисок во работењето.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира