НЕМА ПОТРЕБА ОД ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

    НЕМА ПОТРЕБА ОД ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИПретседателот Стево Пендаровски упати апел до нашите државјани кои работат во странство, без голема потреба да не се враќаат во својата земја, иако имаат право на тоа. (Фото: СДК.МК)

    По седницата на Советот на национална безбедност за состојбата со коронавирусот, претседателот Стево Пендаровски кажа дека нема потреба да се воведува вонредна состојба или кризна состојба во целата држава.

    „Ако има потреба, но засега нема потреба, може да ѝ препорачаме на Владата да прогласи кризна состојба и во други општини, не само во овие две (Дебар и Центар Жупа, н.з.). Кризна состојба имаме 4 години на границите поради друга состојба (мигранти, н.з.). Да не избрзуваме, нема потреба од прогласување вонредна состојба или кризна состојба на територија на целата држава. Кризата ќе трае, нема да замине за недела-две. Ресурсите, кои не ни се издашни, треба да ги користиме рационално“, изјави Пендаровски.

    Тој упати апел до нашите државјани кои работат во странство, без голема потреба да не се враќаат во својата земја, иако имаат право на тоа.

    Утре, кај Пендаровски ќе се одржи лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на парламентарните избори на 12 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира