Немаат коронавирус децата и родителите кои се сместени на Хематоонколошкото оддение на Клиниката за детски болести, соопшти Клиниката. Тестирањата биле спроведени врз сите деца кои се хоспитализирани на ова одделение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето.
Тестирањето беше направено откако се потврдија два позитивни случаи на коронавирус, на лаборант и медицинска сестра, која е токму од ова одделние. Министерот за здравство, Венко Филипче вчера кажа дека имаат сознанија дека вирусот е донесен однадвор и најави дека ќе се тестираат персоналот и хоспитализираните пациенти.
„Превентивно ќе бидат направени и тестови на сите вработени од хематоонколошкото оддение каде нема заболени или суспектни на вирусот, а по добивањето на резултатите, ќе ја информираме јавноста“, додаваат од Детската клиника.
Б. НЕСТОРОСКА