На територијата на Македонија не е регистриран случај на мигрант да биде осомничен дека учествувал во убиство на 5 мигранти, велат од Министерството за внатрешни работи, откако босанските и хрватските медиуми објавија дека пред 15 дена во Бихаќ, Бих, бил фатен мигрант осомничен за убиство на 5 мигранти во Македонија.
Началникот Мујо Коричиќ од босанското МВР за тамошните медиуми изјави дека во логорот што го направиле мигрантите на граничниот премин Малевац кон Хрватска уапсиле мигрант кој бил осомничен за убиство на 5 лица во Македонија.
Но, од македонското МВР демантираат дека на територијата на Македонија се случило убиство на 5 мигранти.
„На територијата на Република Македонија, во ниту еден сектор на Министерството за внатрешни работи не е регистриран таков случај, а со самото тоа ниту имаме такво осомничено лице“, изјавија од полицијата.
Г. ТРПЕНОСКИ