На судењето за „Титаник 2“ за нерегуларности при гласањето во Државната изборна комисија во 2013 година, обвинетиот Бедредин Ибраими се расправаше со обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, која реагираше кај судијата Огнен Ставрев во Основниот суд Скопје 1 што му дозволува да зборува бескрајно за работи кои веќе ги кажал.
„Не милуваш да слушаш друг, само самата себе. Немате вие работа со човек од улица! Имате работа со деталиста и перфекциониста!“, ѝ викна Ибраими на Фетаи.
„Да, да, видовме колку сте детален“, му кажа Фетаи.
„А, ааа, ќе видите, ќе видите!“, се расправаше тој со Фетаи и ја обвини:
„Ти криеш докази во овој случај!“.
„Ако кријам докази чесен суде, нека ме пријави обвинетиот, има механизми“, рече Фетаи.
Потоа Ибраими ги обвини новинарите за селективно информирање:
„Сè виде само што ги интересира новинарите по тоа како се стрчаа со камерите за да го снимаат господинот Мијалков“, критикуваше Ибраими.
Сашо Мијалков денеска беше спроведен од затворот Шутка со задоцнување околу еден час. Тој во овој случај е обвинет за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело во Кривичниот законик под кое се смета секое влијание на моќни луѓе на власт функционери, претпоставени и надредени лица. Според обвинението на СЈО, за кое беа пуштени и бомби, токму се јавува на обвинетиот Мендух Тачи и му наложува тогашниот член на ДИК Бедредин Ибраими од ДПА, да биде четвртиот глас покрај тројцата од ВМРО-ДПМНЕ за да се прегласа изборен резултат во Струмица.
С. К. ДЕЛЕВСКА