НЕВРОЛОГОТ ТАРАВАРИ ГО СОВЕТУВА МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ЗА 200 ЕВРА, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ЗЕЛ ПАРИ

    НЕВРОЛОГОТ ТАРАВАРИ ГО СОВЕТУВА МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ЗА 200 ЕВРА, ТОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ЗЕЛ ПАРИТаравари не беше сигурен дали се добива надомест за советничката фунцкија и тврди дека освен платата од Министерството не зел друг надомест. - Министерот за здравство Арбен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Неврологот Арбен Таравари е именуван за национален советник на министерот за здравство Арбен Таравари и за работата ќе добива месечен надомест од 12.000 денари, покажува решението на министерот, објавено од „НОВАТВ“. На решението, покрај министерот Таравари се потпишани и неговиот шеф на кабинет Бесник Хамити и државниот секретар Владимир Милошев, кој, исто така, е именуван за советник на министерот од областа на Максилофацијалната хирургија.

    За САКАМДАКАЖАМ.МК, министерот Таравари кажа дека тој не ја составувал листата на советници, туку луѓе од неговиот тим. Таравари не беше сигурен дали се добива надомест и тврди дека освен платата од Министерството не зел друг надомест.

    „Министерот Таравари е иден градоначалник на Гостивар, и во таа екипа на советници не сум јас туку и и други истакнати стручњаци. Јас не ја составував таа листа на советници, туку луѓе од тимот. Не сум сигурен дека има определено надомест, оти за членство во многу комисии го укинавме или редуциравме надоместот. Јас лично освен платата од Министерство не сум зел никаков надомест плус, ниту сум членувал во некоја од комисиите. Тоа може да се провери и во Министерството за здравство. Како невролог, со долгогодишно искуство и како предавач на катедрата за неврологија при Медицинскиот факултет сметам дека можам да дадам придонес во развој на стратегијата за неврологија“, вели Таравари.

    Решението за именување национални советници на министерот за здравство е донесено на 27 јули, а Таравари соопшти дека ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар на 3 септември.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира