НЕЗАВИСНИТЕ ВМРОВЦИ ЌЕ ПРЕДЛОЖАТ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА ЗА ГРЕЕЊЕ НА ДРВА ВО УРБАНИ СРЕДИНИ

    НЕЗАВИСНИТЕ ВМРОВЦИ ЌЕ ПРЕДЛОЖАТ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА ЗА ГРЕЕЊЕ НА ДРВА ВО УРБАНИ СРЕДИНИНезависната пратеничка група предлага и забрана за увоз и согорување на отпад и ригорозно казнување на оние кои оваа забрана ќе ја прекршат. - Пратеничката Емилија Александрова (Фото: К. Попов)

    Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе предложи закон со кој, како што велат тие, ќе се намали загадувањето за 50% во 2021 година. На прес-конференција во Собранието, пратеничката Емилија Александрова ги претстави мерките кои ќе бидат опфатени во предложеното законско решение, меѓу нив и разгледување на наможноста за воведување на забрана за греење на дрва, мазут и јаглен во урбаните средини.

    Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ предлага и: ширење на топлификационата и гасификациона мрежа во урбаните средини, бесплатни печки на пелети за сите домаќинства со ниски примања и субвенционирање на останатите во зависност од нивните месечни примања, како и систем на субвенционирана цена на пелетите за граѓаните со пониски примања, промена на системите за греење во сите јавни и општински институции и установи со цел во државата да нема ниту една институција која се грее на дрва, мазут, нафта или јаглен, сите автобуси на градскиот превоз во Скопје да бидат или на метан или на електричен погон и да се субвенционира инсталирањето на гасни уреди кај таксистите, со цел во наредни 4 години сите такси возила или да го исполнуваат ЕУРО 6 стандардот, или да се на плин или метан.

    Во однос на затоплувањето со прегорено уље или со остатоци од мебел, како и горењето на гуми да претставува кривично дело и да има посебна единица во полицијата и обвинителството која ќе ги гони сторителите на овие кривични дела, а предлагаат и забрана за увоз и согорување на отпад и ригорозно казнување на оние кои оваа забрана ќе ја прекршат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира