НИЕ НЕМАМЕ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА, ПОЧНУВААТ ИЗБОРНИ КАМПАЊИ И НИКОЈ НЕ НЀ ЕБЕ, БЕШЕ ПРОЧИТАН РАЗГОВОР МЕЃУ ЛАТАС И БРАТ МУ ВО ЗАВРШНИОТ ЗБОР НА СЈО ЗА „ТРЕВНИК“

    НИЕ НЕМАМЕ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА, ПОЧНУВААТ ИЗБОРНИ КАМПАЊИ И НИКОЈ НЕ НЀ ЕБЕ, БЕШЕ ПРОЧИТАН РАЗГОВОР МЕЃУ ЛАТАС И БРАТ МУ ВО ЗАВРШНИОТ ЗБОР НА СЈО ЗА „ТРЕВНИК“„Тоа што одбраната го потенцираше, дека постојат голем број бесправно изградени објекти во нашата држава, во врска со кои не се поведени кривични постапки, во никој случај не може да биде основ за неказнување на тука обвинетите, ниту пак за оправдување на нивното постапување“, рече обвинителката Јосифовска во завршните зборови за „Тревник“. - Обвинетиот Драган Павловиќ - Латас пред Кривичниот суд (фото: СДК.МК)

    Судењето за трите куќи во Зелениково на браќата Драган Павловиќ-Латас, Звездан Павловиќ и Срѓан Павловиќ, кои тие ги граделе без одобрение за градба, денска во Основниот суд Скопје 1 беше за завршни зборови на СЈО, кое бара казни за тројцата, но и конфискување на објектите од страна на државата.

    „Зеко ние ако до октомври не го завршиме ова после тоа имаме проблем бидејќи немаме дозвола за градба. Ние прво немаме средено. Ако ние до октомври не го средиме почињаат изборни кампањи и никој не нѐ е.. (во завршниот збор стои е со точки) Никој заради нас нема да се пенали таму да го пљукаат и ние немаме дозвола за градба, може сабајле да дојде да те руши. Ти си свесен колку е озбилна ситуацијата“, вели во еден од разговорите Драган со брат му Звездан, што ги повтори обвинителката Елизабета Јосифовска од СЈО и во завршните зборови.

    „Тоа што одбраната го потенцираше, дека постојат голем број бесправно изградени објекти во нашата држава, во врска со кои не се поведени кривични постапки, во никој случај не може да биде основ за неказнување на тука обвинетите, ниту пак за оправдување на нивното постапување“, вели Јосифовска.

    Таа пред судот рече дека обвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ ги извршиле кривичните дела за кои се обвинуваат со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, биле свесни за забранетоста на таквите дејствија и дури биле свесни дека куќите можат да им бидат урнати поради тоа, но дека сепак продолжиле со градење.

    „Свесно, во барањата за одобренија за градење кои ги поднеле до општина Зелениково на 12.12.2012 година го прикриле фактот дека куќите, за кои барале одобренија за градење, се веќе изградени. Формално правно добиле одобренија за градење на нови објекти, според кои требало да започнат со градба на објектите во рок од две години по правосилноста на издадените одобренија за градење. Според изведените докази, во времето на издавањето на овие одобренија, 24.01.2013 година, куќите биле веќе изградени“, рече таа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира