НИЕ СМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И ЌЕ Ѝ ПОМАГАМЕ НА УКРАИНА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД РУСКАТА АГРЕСИЈА, Ѝ ОДГОВОРИЈА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И МНР НА ЗАХАРОВА ЗА ДОНИРАНИТЕ ТЕНКОВИ

    НИЕ СМЕ ЧЛЕНКА НА НАТО И ЌЕ Ѝ ПОМАГАМЕ НА УКРАИНА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД РУСКАТА АГРЕСИЈА, Ѝ ОДГОВОРИЈА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И МНР НА ЗАХАРОВА ЗА ДОНИРАНИТЕ ТЕНКОВИМакедонија располага со 30-тина тенкови од типот „Т-72“ од советско производство (Фото: Министерство за одбрана)

    Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи велат дека Македонија од самиот почеток ја осуди руската инвазија на Украина и набрзо потоа донесе одлука да ѝ помогне на Украина во одбрана на својот територијален интегритет, во одговорот на портпаролката на руското МНР Марија Захарова, која на вчерашниот брифинг кажа дека Македонија направила голема грешка со донацијата на тенковите за Украина.

    МО и МНР додаваат дека Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно и како членка на НАТО одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји

    „Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Северна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција. Република Северна Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации“, се вели во заедничкото соопштение на МО и МНР.

    Захарова вчера кажа дека Македонијa со донацијата на тенкови придонесува за продолжување на „криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“.

    На 29 јули, Министерството за одбрана потврди дека Македонија ќе ѝ ги донира своите тенкови Т-72 на украинската војска, додека истовремено планира да ја модернизира својата армија согласно НАТО стандардите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира