НИЕ СМЕ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ, ТИЕ СЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА ПРВИОТ ДЕН ОД КАМПАЊАТА

    НИЕ СМЕ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ, ТИЕ СЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ НА ПРВИОТ ДЕН ОД КАМПАЊАТАПретседателскиот кандидат Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешниот митинг во Крушево. (Фото: СДСМ)

    Претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на митингот во Крушево, од каде што ја почна изборната кампања, рече дека нивната опција е интеграција во ЕУ, а неговиот конкурент е за изолација. Пендаровски, зборувајќи за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, кажа дека политичката гарнитура која ја поддржува е против Рамковниот и Преспанскиот договор и дека со тоа тие се против НАТО и Европската Унија.

    „Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ. Ако некој мисли дека со изолација економијата ќе цвета се лаже, или лаже. Се разликуваме како небо и земја, затоа повикувам на максимална мобилизација и излезност на изборите“, изјави Пендаровски во Крушево.

    Тој рече и дека за првпат во историјата на нашата држава зад еден кандидат пред претседателските избори застанале 31 партија и над 30 илјади граѓани од сите етнички заедници.

    Претседателските избори ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари