Од попладнево во истражниот затвор во Шутка се наоѓа Никола Митревски – Кољо, по кого полицијата трагаше со потерница веќе неколку месеци. Тој, заедно со Александар Василевски – Нинџа, кој и натаму е во бегство, се осомничени како главни организатори на насилствата во Собранието на 27 април лани.
Директорот на затворот во Шутка не одговара на телефонските повици, но, неофицијални извори од истражниот затвор за САКАМДАКАЖАМ.МК тврдат дека тој е донесен со полициско комбе. Се предал првин пред полицијата. Против него веднаш е активирана мерка притвор од 30 дена
На вчерашната прес-конференција на Јавното обвинителство беше кажано дека четворица од осомничените не се достапни на органите на прогонот.
С. К. ДЕЛЕВСКА