Со 64 гласа „за“ и 18 „против“, Собранието ја избра Нина Ангеловска за нова министерка за финансии. Веднаш по неа, пратениците го изгласаа и Хисен Џемаили за нов министер без ресор, со 61 глас „за“ и 21 „против“.
31-годишната бизнисменка Нина Ангеловска е првата жена на чело на министертвото за финансии. Во дводневната дебата пратениците од опозицијата зборуваа главно за Ангеловска, а речиси воопшто не за Џемаили.
Откако двајцата положија заклетва, си заминаа, а премиерот Зоран Заев на нова точка на денешната собраниска седница, ги претставува замениците министри кои ги предлага.
За заменик-министер за економија предложен е Кирил Колемишевски, за заменик-министер за образование и наука Елизабета Наумовска и за политички систем и односи со заедниците Неџат Мехмедовиќ.
С. К. ДЕЛЕВСКА