Летното сметање на времето почнува ноќва во 2 часот по полноќ, кога часовниците се поместуваат еден час понапред, односно од 2 на 3 часот. Летното сметање на времето ќе биде на сила до 29 октомври, во 3 часот.
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за првпат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија, додека во Македонија, како дел од поранешна Југославија е воведено на 27 март 1983 година.